Uncategorized Путин и Оланд се договорија – или бродови или аконтација

Путин и Оланд се договорија – или бродови или аконтација

Претседателите на Русија и на Франција, Владимир Путин и Франсоа Оланд, се согласија Франција или да ѝ ги испорача на Русија бродовите – носачи на хеликоптери „МИстрал“ или да ја врати платената аконтација за нив, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Датумите не се објавени – рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање дали Путин и Оланд, за време на минатонеделната средба во Ереван, разговарале за временската рамка за решавање на спорот.

– Позицијата е многу едноставна: или стока или однапред платениот износ. Генерално е потврдено дека двете страни го делат истиот став – рече Песков.

Договорот за испорака на бродовите е вреден 1,2 милијарда долари.