Свет Путин и Обама ќе имаат средба пред Генералното собрание на ОН

Путин и Обама ќе имаат средба пред Генералното собрание на ОН

Рускиот претседател Владимир Путин ќе има билатерална средба со американскиот претседател Барак Обама за време на Генералното собрание на ОН, соопшти денеска Дмитри Песков од прес-службата ма Кремљ.

– Средбата со Обама веќе е координирана – рече Песков, додавајќи дека Путин ќе има средба и со јапонскиот премиер Шинѕо Абе.

Претходните извештаи навестуваа дека двајцата лидери ќе се сретнат за да разговараат за кризата во Сирија.

Путин ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН на 28 септември.