Свет Европа Путин формира гарда за борба против тероризмот

Путин формира гарда за борба против тероризмот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави дека Русија ќе формира национална гарда за борба против тероризмот и организираниот криминал.

– Одлуката е донесена. Создаваме федерално тело што ќе има извршна власт – изјави Путин на состанокот со клучните безбедносни претставници во Кремљ.

Тој, исто така, рече дека агенцијата за борба против дрога и миграциската служба ќе бидат подредени на министерството за внатрешни работи.