Свет Европа Путин: Да се зголеми улогата на Обединетите нации во борбата против тероризмот

Путин: Да се зголеми улогата на Обединетите нации во борбата против тероризмот

Русија смета дека е неопходно да е зголеми улогата на Обединетите нации во борбата против тероризмот, наведе денеска рускиот претседател, Владимир Путин.

– Сметаме дека е неопходно да се продолжи со зајакнување на централната и координативната улога на Обединетите нации во светските проблеми и, пред сè, во борбата против тероризмот како главна глобална закана и во обезбедување одржлив развој и унапредување на дијалогот меѓу цивилизациите – наведе Путин во обраќањето пред гостите и учесниците на состанокот по повод Денот на ОН.

Во обраќањето на Путин, кое го прочита рускиот заменик-министер за надворешни работи, Генадиј Гатилов, се наведува дека е време со заеднички напори да се санира меѓународната ситуација на основа на заедничка одговорност за иднинатата на човештвото и на враќањето на културата на пронаоѓање компромиси.

– Само таков пристап ќе придонесе за пронаоѓање ефикасен одговор на предизвиците на 21 век – се вели во говорот на Путин.