Македонија Пуштени во употреба патиштата за селата Буково и Крстоар

Пуштени во употреба патиштата за селата Буково и Крстоар

Денеска беа пуштени во употреба локалните патишта за селата Буково и Крстоар.

И двата проекти се реализирани со средства од Европската банка за обнова и развој. Во рамките на проектот за реконструкција и за рехабилитација на патот Буково – Горно Орехово, асфалтиран е и крак во селото Буково.

Патот за селото Крстоар е во должина од 723 метри во вредност од 3. 700.000 денари.