Хроника Пукано кон бензинската пумпа во Чегрене

Пукано кон бензинската пумпа во Чегрене

Непознато лице вчера, од возило во движење, истрелало неколку куршуми во правец на бензинската пумпа „Вардар петрол“ сопственост на Ш.И. (53) од селото Форино, Гостиварско.

При инцидентот оштетени биле изложното стакло од продажната просторија, стаклата на фрижидер, рам од алуминиумски излог од пицеријата „Вардар“ и фрижидер за ладење на сокови сместен внатре во пицеријата.

Гостиварските полициски служби извршиле увид, при што се пронајдени и подигнати девет чаури од пиштолска муниција со калибар 9 мм и два проектила од пиштолска муниција. Причинета е материјална штета од околу 60.000 денари. За време на настанот во бензинската пумпа и во околните објекти немало лица, а бензинската пумпа не работела.