Македонија Пукање во село Батинци: Едно лице загина, неговиот брат е тешко повредено

Пукање во село Батинци: Едно лице загина, неговиот брат е тешко повредено

Две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од село Црн врв

Фото: МВР

Утринава во село Батинци, во пукотница убиен е 34-годишник, а неговиот 31-годишен брат се бори за живот на Клиничкиот центар во Скопје.

Настанот бил пријавен во 09,25 часот во СВР Скопје, кога било пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од село Црн врв.

На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје, се посочува во информацијата од МВР.

„СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот“, велат од МВР.