Македонија Татко и малолетен син завршија во болница по пукање на свадба

Татко и малолетен син завршија во болница по пукање на свадба

Од охриѓанецот кој пукал биле одземени повеќе видови оружје, како и дозвола за оружјето

Photo by Samantha Gades on Unsplash

Малолетник и неговиот татко се здобиле со повреди од куршум од пиштол на свадбена веселба во Охрид што се одржала вчера.

Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), 60-годишен охриѓанец за време на свадбата во двор на улицата „Петрино“ во Охрид, каде што бил гостин, испукал неколку куршуми од пиштол „Застава“ калибар 7,62 милиметри.

При пукањето, со повреди се здобиле 39-годишниот И.С. од Охрид и неговиот малолетен син. Повредите биле констатирани во Општата болница во Охрид.

Полициски службеници извршиле увид, при што од охриѓанецот кој пукал бил одземен пиштол „Застава м57“, пиштол „Ц3 99“м карабин „Југословенски маусер“, ловечка пушка „Бајкал“, како и дозвола за оружјето.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.