Свет Европа Пукање во центар за бегалци во Германија

Пукање во центар за бегалци во Германија

Непознато лице истрелало повеќе куршуми кон центарот за азиланти во Офенбах, на западот на Германија, при што еден жител на центарот е полесно повреден, соопшти германската полиција.

Во соопштението се наведува дека засега не се знае кој е одговорен за инцидентот, кој се случил рано утринава, ниту, пак, кој бил мотивот за нападот.

Полицијата наведува дека рано утринава, околу 2.30 часот се истрелани неколку куршуми кон прозорите во зградата во градот Драјех, како и тоа дека еден куршум погодил барател на азил кој во моментот спиел. Тој веднаш е префрлен во болница, но набргу е пуштен.

Во Германија минатата година стигнале околу милиони бегалци и мигранти.