Свет Свет Пукање во седиштето на американската морнарица

Пукање во седиштето на американската морнарица

Американската морнарица објави дека нејзиното седиште во Вашингтон е затворено поради престрелка, јавуваат американските медиуми.

Голем број полицајци и припадници на безбедносните служби реагирале на повикот од седиштето, а улиците во југоисточниот дел на градот се блокирани.

Портпаролот на морнарицата, Педро Родригез, не соопшти детали за настанот, но според неофицијални извори, две вооружени лица отвориле оган во седиштето.

Полицијата сè уште ги нема совладано напаѓачите, а американските медиуми, повикувајќи се на воени извори, јавуваат дека засега нема повредени.

На истото место во септември 2013 година, напаѓач уби 12 лица.