Свет Европа Пукање во Париз – едно лице убиено

Пукање во Париз – едно лице убиено

Едно лице загина во пукање кое се случи во ресторан во центарот во Париз. Инцидентот избил на Булевар де ла Бастиља, дел од градот кој беше мета на терористи на Исламска држава, кои во координирани напади во Париз убија 130 лица.

Полицијата уапсила едно лице, а двајца сè уште се во бегство по пукањето пред парискиот ресторан „Чез папа“, пренесува британскиот весник „Индипендент“. Во пукотницата, едно лице е повредено, но не е во животна опасност.

Се верува дека не станува збор за терористички напад, туку за расправија која ескалирала.