Македонија Пукање во Капиштец, нема повредени

Пукање во Капиштец, нема повредени

Попладнево, околу 13.20 часот, жители на улицата Народен фронт во населбата Капиштец пријавиле пукање од огнено оружје, потврдија за „Мета“ од СВР Скопје. Полициските екипи што излегле на терен, констатирале дека во пукањето било оштетено комби.

Оттаму информираат дека во случајот нема повредени лица, а во тек е истрагата која треба да утврди кој, од каде и зошто пукал.

Дел од медиумите неофицијално пренесуваат дека лицето што пукало, наводно, е еден од 56-мина аболирани од претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

Засега нема потврда на ваквите информации.