Свет Балкан Пукање пред резиденцијата на Ердоган

Пукање пред резиденцијата на Ердоган

Момче денеска стрелало врз полицијата пред резиденцијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а потоа се самозастрелало во главата, јавуваат турските медиуми.

Агенцијата „Анадолија“ јавува дека 20-годишникот се расправал со полицијата пред резиденцијата во Истанбул, а потоа успеал на еден од стражарите да му го одземе пиштолот и да отвори оган врз полицијата, а потоа да си пука в глава.

Агенцијата „Доган“ навела дека момчето, кое има кривично досие, барало да влезе во резиденцијата во која во моментот не бил Ердоган. Момчето е хоспитализирано и се наоѓа во животна опасност. Никој од полицајците не е повреден.

Партијата на Ердоган вчера победи на предвремените парламентарни избори, освојувајќи апсолутно мнозинство, кое го изгуби на изборите пред пет месеци.