Свет Пукање на изложба на карикатури во Далас

Пукање на изложба на карикатури во Далас

Двајца вооружени мажи синоќа отвориле оган во Далас, Тексас, каде се одржувала изложба на карикатури на пророкот Мухамед, по што полицијата набргу ги убила напаѓачите, велат официјални извори.

Двајца мажи се приближиле со автомобил до центарот „Куртис Кулвел“, каде завршил натпреварот на карикатури и отвориле оган на лицето задолжено за безбедноста, се наведува во соопштението на градоначалникот на далаското предградие Гарланд.

Полицајците одговориле на огнот, убивајќи ги двајцата мажи, а претставникот на обезбедувањето е тешко ранет.
Натпреварот го организирало американското здружение „Американ фридом дифенс инишијатив“, познато по своите антиисламски ставови, а на него присуствувал и Герт Вилдерс, радикален десничарски политичар од Холандија.