Свет Европа Први парични казни за носење буркини во Кан

Први парични казни за носење буркини во Кан

Француската полиција ги врачи првите парични казни поради носење буркини во Кан, на југот на Франција.

Забраната за носење муслимански костум за капење, кој целосно го покрива женското тело е во воведена кон почетокот на месецот.

Жените во буркини биле на плажа со своите деца кога полицијата интервенирала. Четирите жени се казнети со по 36 евра, а добиле и усно предупредување и наредено им е да ја напуштат плажата.