Македонија Прва седница за пратенички прашања, без опозиција

Прва седница за пратенички прашања, без опозиција

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, за денеска закажа седница за пратенички прашања, која ќе се одржи без присуство на пратениците од опозицијата, кои ги вратија пратеничките мандати по предвремените парламентарни избори во април годинава.

Дваесеттата седница на Собранието, посветена на пратеничките прашања, е закажана со почеток во 11 часот.

Ова е прва седница за пратенички прашања откако поминаа сто дена од формирањето на последниот владин кабинет.

Според собранискиот деловник, седницата за поставување пратенички прашања се свикува последниот четврток во тековниот месец.

На оваа седница задолжително присуствуваат претседателот и членовите на Владата и други носители на јавни функции за кои е најавено дека ќе им се постави прашање.