Македонија Прва седница на Анкетната комисија за аферата со личните карти

Прва седница на Анкетната комисија за аферата со личните карти

Анкетната комисија за расветлување на скандалот со фалсификувањето на личните документи денеска ќе ја одржи првата седница.

На дневниот ред има две точки – усвојување на деловник и на договор за работа на комисијата.

Комисијата ја води Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседател е Љупчо Димовски, а членови се Трајчо Димков, Благоја Деспотовски, Лилјана Кузмановска, Благица Ласовска, Андон Чибишев, Драган Данев, Талат Џафери, Ејуп Рустеми, Газменд Алији и Солза Грчева.

Оваа Анкетна комисија се формираше на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, а опозицијата одби да учествува во нејзината работа со образложение дека една анкетна комисија веќе постои и треба да се создадат услови таа да може да фунционира, а не да се прават паралелни комисии.

Во меѓувреме, останува парализирана работата на Анкетната комисија за скандалот за прислушувањето што на иницијатива на СДСМ беше формирана според Договорот од Пржино, бидејќи сведоците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да сведочат јавно.