Свет Балкан Противракетниот штит во Романија од денеска во функција

Противракетниот штит во Романија од денеска во функција

Американскиот систем за противракетна одбрана во Романија, наменет да ја заштити Европа од балистички ракети, денеска ќе биде ставен во употреба. Тоа предизвика негодување кај Русија.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе го означи почетокот на дејствувањето на новиот систем во базата кај селото Девеселу, на југозападот на Романија, околу 180 километри од Букурешт. Воената база ја изгради поранешниот Советски Сојуз.

В петок, полските и американските претставници ќе го официјализираат почетокот на изградбата на вториот таков систем, кај полското село Рејкове, во близина на Балтичкото Море.

Американските претставници велат дека „ракетниот штит“ во Романија, кој чини 800 милиони долари, треба да биде одбрана од ракетните закани на Иран и оти не е насочен против Русија.