Свет Европа Противпожарно возило влета во автобуска станица во Москва

Противпожарно возило влета во автобуска станица во Москва

Едно лице загина, а четири се потешко повредени во сообраќајна несреќа во Москва.

Несреќата се случила кога противпожарно возило влетало во автобуска станица во близина на аеродромот „Домедово“, соопшти Рускиот истражен комитет.

Во тешка здравствена состојба е возачот, кого брзата помош одвај го спасила, наведува „РИА Новости“.

Веднаш е поведена истрага во која управата на аеродромот соработува со полицијата.

„Домедово“ е еден од трите големи аеродроми во Москва и се наоѓа јужно од центарот на градот.