Главна секција Мирните протести завршија со барање оставки од Груевски, Јанкулоска и од Мијалков

Мирните протести завршија со барање оставки од Груевски, Јанкулоска и од Мијалков

На вечерашниот мирен протест пред Собранието беа побарани оставки од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, првиот човек на УБК, Сашо Мијалков, и од премиерот Никола Груевски.

Активистот Огнен Јанески им порача на граѓаните за идните активности да се информираат преку фејсбук-групата „Стоп за полициска бруталност“ и да даваат идеи за понатамошните настани.

Мала група сè уште е во паркот пред Собранието.

Откако полицијата не им дозволи да протестираат пред Владата, а полицискиот кордон спречи демонстрантите да се упатат пред зградата на МВР, тие вечерва повторно се вратија пред Собранието.

Групата протестираше и пред зградата на премиерот Никола Груевски, каде што извикуваа „Излези диктаторче“ и „Миле, ми текна…“.

Протести се одржаа низ повеќе градови во земјата, на кои присутните бараа оставки од владиниот врв.