Македонија „Протестирам“: Нема да не заплашат заканите и притисоците!

„Протестирам“: Нема да не заплашат заканите и притисоците!

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска на својата страница на „Фејсбук“ порача дека власта нема да ги заплаши со повиците за информативни разговори и ги повика граѓаните масовно да излезат на улиците.

„Од оваа борба нема откажување! Нема да не заплашат заканите и притисоците! Нема да не заплашат повици за информативни разговори! Дознавме дека за утре е повикана Уранија Пировска.#Протестирам е прво лице еднина, но сите ќе бидеме солидарни се додека луѓе се под притисок на режимот. #Протестирам затоа значи и грижа за другите“, велат од движењето.

Во соопштението се наведува дека нема да дозволат власта да избега со украденото, а уште помалку да останат во земјата несоочени со правда.
„Нема да дозволиме повторно заташкување на ситуацијата и губење на уште една година во реформи од типот ’едно напред, три назад’“, се вели во соопштението и се повикуваат граѓаните, особено до оние кои сѐ уште не се вклучиле во протестите, денеска во 18 часот да дојдат пред Специјалното јавно обвинителство и да се приклучат на протестот.