fbpx

Потребна им е промоција на центрите за упатување на жртви на сексуално насилство

-

Како резултат на ратификацијата на Истанбулската конвенција, во земјава се отворени три центри за упатување жртви на сексуално насилство во Скопје, Тетово и Куманово. Од Хелсиншкиот комитет за човекови права и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство сметаат дека е потребно да се зголеми информираноста на граѓаните за овие центри, а за таа цел денеска во Граѓанскиот ресурсен центар се одржа промотивен настан за работењето на овие центри.

На отворањето, извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, посочи дека државата почна да ги имплементира обврските од Истанбулската конвенција, но вториот чекор е да им се даде до знаење на жртвите дека постои некој што може да се погрижи за нив и што може да очекуваат ако пријават насилство. Таа се осврна на слабостите во пракса на кои е укажувано години наназад, како што е недоволната информираност на полициските и здравствените службеници, немањето 24 часовна услуга, проблемите со земање на докази поради недостигот на судски вештаци кои излегуваат на терен, како и неинформираноста на жртвите.

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска, нагласи дека неколку месеци по ратификацијата на Истанбулската конценција, државата воспостави центри каде е обезбеден интегриран и целосен одговор на жртвите. Јовановска посочи дека со воспоставувањето на центрите, заврши талкањето на жртвите по различни канцеларии и институции, каде биле приморани да ја повторуваат својата несреќна приказна.

Во поглед на функционирањето на скопскиот Центар, директорката Јовановска изјави дека на Клиниката се извршиле обуки за 40 вработени за клинички третман на жртвите во кризни состојби. Во првите најранливи и емотивни моменти, жртвата е третирана од стручен персонал, кој е свесен дека сексуално насилство може длабоко да ја погоди физичката, ментална и социјалната состојба на жртвата, а постои и грижа за да се увери жртвата дека нејзината приватност ќе биде заштитена.

Координаторката за еднакви можности во Министерството за здравство, Нермина Факовиќ, изјави дека речиси година дена од отворањето на центрите, се соочуваме со неинформираност за нивното постоење. Ова не е проект туку обврска на државата, нагласи таа, посочувајќи дека услугите во центрите се целосно бесплатни, а жртвата не мора да има со себе какви било документи или средства. Министерството, заедно со ХЕРА, прави анализи и за отворање и на други вакви центри во сите плански региони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...