Македонија Граѓаните од „Протестирам“ денеска ќе кампуваат пред Влада

Граѓаните од „Протестирам“ денеска ќе кампуваат пред Влада

Околу 50 граѓани и денеска се собраа пред Владата да побараат оставка од премиерот Никола Груевски.

Тие денеска нема да имаат маршрута на движење, туку ќе останат заедно со граѓаните што кампуваат пред Влада за да го искажат својот револт.

Од „Протестирам“ велат дека за денеска го промениле начинот на протестирање затоа што не сакаат да се сретнат со граѓаните што ќе бидат присутни на собирот организиран од ВМРО-ДПМНЕ пред Собранието на Република Македонија.

Вечерва тие ќе останат пред Владата, а за утре најавуваат повторно враќање на старата маршрута на движење.