Македонија Протестираат вработените во Канцеларијата на Народниот правобранител, бараат повисоки плати

Протестираат вработените во Канцеларијата на Народниот правобранител, бараат повисоки плати

Протестот ќе продолжи до 27 ноември

Фото: Официјална Фејсбук страница на Народниот правобранител

Вработените во Канцеларијата на Народниот правобранител, во организација на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ), денеска, пред Канцеларијата одржаа мирен протест, реагирајќи на ниските плати и нивниот статус како административни службеници.

Државниот советник на Народниот правобранител и претседател на синдикалната организација при НП, Марјан Поњавиќ, во изјава за медиумите побара без одлагање да се зголемат платите на вработените во Народниот правобранител, бидејќи како што рече, нивните месечни примања во моментов заостануваат многу зад платите на останатите независни регулаторни тела, како и на вработените во администрацијата воопшто.

Протестот ќе продолжи до 27 ноември.