Свет Протести во Медисон поради убиство на црно момче

Протести во Медисон поради убиство на црно момче

Стотици демонстранти вчеравечер излегоа на улиците во градот Медисон, во американската сојузна држава Висконсин, за да протестираат поради убиство на невооружен црн американски тинејџер.

Полицаец од Висконсин во петокот го убил невооружениот црн тинејџер. Шефот на полицијата во Медисон, Мајк Ковал, за медиумите појасни дека полицаецот во петокот навечер одговорил на повикот со кој му било пријавено насилно однесување на момче и тој го следел до станот. Дошло до борба меѓу осомничениот 19-годишен црн тинејџер и полицаецот, при што тинејџерот смртно настрадал.

„Досегашната истрага покажа дека на местото од инцидентот нема пиштол, ниту какво и да е слично оружје кое смртно настраданиот би можел да го употреби“, изјавил Ковал.

„Целиот систем е виновен“, извикувале стотици демонстранти во поворката од седиштето на полицијата во Медисон до населбата во која било убиено момчето.