Галерија Протест пред Уставниот суд: „Мафија на робија“, „Оставка“, „Има Грујо – нема...

Протест пред Уставниот суд: „Мафија на робија“, „Оставка“, „Има Грујо – нема мир“.

Удирајќи во тенџериња и лонци, група граѓани вчера повторно  се собраа пред Уставниот суд да го искажат незадоволството од одлуката на судот да ја разгледа иницијативата за промена на Законот за помилување, која предвидува да може да се помилуваат и лица што се гонат или се осудени за изборен криминал.

Насобраните граѓани извикуваа „Мафија на робија“, „Оставка“, „Каде ни се парите“, „Има Грујо – нема мир“.

– Правеле изборен криминал и сега сакаат амнестија. Не министри, што сакаат нека бидат, треба да одговараат. А и претседателот е партиски определен, затоа народот мора да излезе на протест. Законот треба да важи еднакво за сите, без разлика дали некој од ВМРО-ДПМНЕ се огрешил – вели еден од присутните граѓани.

Владимир Милчин најави дека наредниот протест ќе биде в понеделник напладне.

– В понеделник ќе се собереме да бараме оставка за гробарите на Уставот. Ова ги засегнува сите што сакаат да живеат во држава каде владеат права и има правдина. Нè сметаат за наивни, за будали. Па, ајде да им покажеме дека длабоко се лажат – рече Милчин.

На крајот на протестот, граѓаните фрлаа со јајца кон Уставниот суд.