Свет Балкан Протест пред Аплециониот суд во Белград против пресудата за убиството на новинарот...

Протест пред Аплециониот суд во Белград против пресудата за убиството на новинарот Славко Чурувија

Апелациониот суд пред два дена ја објави одлуката со која ги ослободи четворицата поранешни членови на Секторот за државна безбедност обвинети за убиството на Чурувија во 1999 година

Фондацијата „Славко Чурувија“ денеска повика на протест што ќе се одржи утре во 14 часот пред Аплециониот суд во Белград, како реакција на одлуката на судот да ги ослободи обвинетите за убиството на познатиот српски новинар.

„Убиството на новинарот Славко Чурувија, кое беше нарачано и организирано од државата, останува неказнето кривично дело, 25 години откако беше извршено и девет години по почетокот на судскиот процес“, соопшти денеска Фондацијата „Славко Чурувија“.

Апелациониот суд пред два дена ја објави одлуката со која ги ослободи четворицата поранешни членови на Секторот за државна безбедност обвинети за убиството на Чурувија во 1999 година, а потегот од Фондацијата го оценија како „правдата да ѝ се предаде на силата”.

„Ни го одземаа здивот. Нема повеќе зборови што можеме да ги упатиме до судството кое се предаде на силата. Да им го покажеме тоа. Дојдете, донесете ги пријателите и роднините и донесете огледало – да го покажеме сопствениот одраз на судството“, се наведува во соопштението на Фондацијата.

Апелациониот суд во петокот ја укина првостепената пресуда и со тоа ги ослободи Радомир Марковиќ, Милан Радоњиќ, Мирослав Курак и Ратко Ромиќ од обвиненијата за поттикнување и соизвршителство на тешко убиство.