Свет Протест на машките здолништа во Турција

Протест на машките здолништа во Турција

На познатата трговска истанбулска улица Истиклал, една група млади мажи се облекоа во здолништа и излегоа  за да протестираат против сè позачестеното насилство врз жените во Турција.

Директен мотив за протестот беше убиството што се случи пред една недела, на младата студентка Озгечан Аслан, на југот на Турција и желбата за се поддржи борбата на сите жени во борбата против насилството врз нив.

– Ова не е само прашање за жените. Таму каде што жените не можат да се почувствуваат слободни, и мажите наскоро нема да можат да бидат слободни – објасни еден од учесниците во протестот.