Хроника Пронајдено безживотно тело на 45-годишен маж во Охрид

Пронајдено безживотно тело на 45-годишен маж во Охрид

Безживотно тело на маж на возраст од 45 години, утрово е пронајдено во автомобил во автокампот „Андон Дуков“, покрај Охрид, информираат од СВР Охрид.

Телото го забележал случаен минувач, кој веднаш ја известил полицијата.

Според првичните информации од истрагата, во автомобилот била пронајдена една чаура од куршум.
На телото немало траги на насилство, што наведува на заклучок за самоубиство.

На местото на настанот извршен е увид во присуство на јавен обвинител, кој наредил обдукција врз телото.