Забава Пронајдени необјавени фотографии од Че Гевара

Пронајдени необјавени фотографии од Че Гевара

Че Гевара

Речиси 50 години од смртта на латионоамериканскиот герилски лидер Ернесто Че Гевара, локален шпански политичар пронајде необјавени фотографии од посмртните остатоци на славниот револуционер.

Фотографиите се дело на Марк Хутен, репортер на „Франс прес“, кој во тоа време бил во Боливија. Шпанскиот мисионер Луис Куартеро Лапијеца ги донел фотографиите во Шпанија, а нив ги пронашол неговиот внук Иманол Артега, кој е градски советник во местото Рикла во Шпанија. Тој вели дека не планира да ги продаде, туку да ги чува како семејно богатсво.

Итен бил единствениот репортер кој ја овековечил смртта на Че Гевара. Аргетинскиот револуционер, кој бил многу близок со кубанскиот лидер Фидел Кастро, заробен е на 8 октмоври 1967 година во Боливија. Погубен е наредниот ден од боливиските војници.

Фотографиите можете да ги погледнете тука.