Хроника Пронајдени две неексплодирани артилериски гранати во Битолско и во Берово

Пронајдени две неексплодирани артилериски гранати во Битолско и во Берово

Вработен во Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ вчера во СВР Битола пријавил дека во атарот на селото Кременица, при изведување земјоделски работи, пронашол неексплодирана артилериска граната, калибар 155 милиметри, од Првата светска војна, информираат од полицијата.

Истиот ден, беровец во локалната полициска станица пријавил дека во понеделеникот, во објект кој порано го користеле „Македонски шуми – Малешево“, нашол неексплодирана артилериска граната, калибар 75 милиметри.

Според полицијата, двете неексплодорани гранати биле подигнати за понатамошна постапка од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола, односно од ДЗС Струмица.