Дописници Пронајдени 10 пакувања со хероин во стан во Гостивар

Пронајдени 10 пакувања со хероин во стан во Гостивар

Полицијата пронајде 10 пакувања со хероин во стан на 30-годишен гостиварец, при претрес извршен со судска наредба. Дрогата е најдена во една од собите во станот лоциран на улицата Гоце Делчев, каде живеел гостиварецот.

При претресот одземен е и еден мобилен телефон и околу 27.000 денари. Гостиварецот и уште едно лице од селот Равен, кои во текот на претресот билe во станот, биле приведени и задржани во Полициската станица Гостивар.

Во текот на денот, со соодветна пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори, двајцата ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основниот суд Гостивар.