Хроника Пронајдена жива и здрава младата студентка од Албанија

Пронајдена жива и здрава младата студентка од Албанија

Полициски службеници ја пронашле девојката во близина на хотел „Белви“

Фото: Јоана Манојловска Фејсбук https://www.facebook.com/photo/?fbid=921318266662430&set=pcb.921267493334174

Младата студентка од Албанија, Енкеледа Чела, која вчера беше пријавена за исчезната е пронајдена и е во добра здравствена состојба, информираше Министерството за внатрешни работи.

„Денеска во 18 часот во близина на хотел „Белви“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа Е.Ч. (20) од Република Албанија, за која од страна на нејзина другарка вчера беше пријавено дека се оддалечила од домот. Е.Ч. е во добра здравствена состојба“, стои во соопштението од МВР.

Чела е Македонка од Голо Брдо и државјанка на Албанија, а во Скопје студирала на Економскиот факултет. Нејзини блиски вчера пријавиле дека е исчезната, а последен пат е видена вчера утрото на бензинска пумпа во наслебата Илинден.