Свет Пронајдена масовна гробница во Рамади

Пронајдена масовна гробница во Рамади

Ирачките безбедносни сили пронашле масовна гробница во Рамади, во која се закопани најмалку 18 лица што биле убиени од припадници на Исламска држава, соопшти денеска ирачката полиција.

Мајорот Тарек Абдулакарим соопшти дека досега се извлечени 18 тела, меѓу кои пет членови на полицијата, а продолжува извлекувањето на другите жртви.

Абдулакарим рече дека се претпоставува оти во масовната гробница, која е откриена вчера, се наоѓаат околу 40 тела на жртви на ИД. Според мајорот, жртвите се по потекло од Рамади и се убиени во мај 2015 година, кога џихадистите го зазедоа градот.