Свет Европа Исчезнатиот новинар и презентер на Би-би-си е пронајден мртов на грчки остров

Исчезнатиот новинар и презентер на Би-би-си е пронајден мртов на грчки остров

Тој исчезна откако отишол на крајбрежна прошетка на островот, а потрагата по него траеше 5 дена

Грчките власти потврдија дека на островот Сими е пронајдено телото на исчезнатиот британски ТВ водител Мајкл Мосли, пишува Гардијан.

Тој исчезна откако отишол на крајбрежна прошетка на островот а потрагата по него траеше 5 дена.

Телото е откриено на карпест терен блиску до ограда на околу 50 метри од мало одморалиште до кое може да се пристапи само со чамец или пеш, на спротивната страна од заливот каде што претходно во текот на денот ги напуштил сопругата и пријателите. Биле пронајдени капата што ја носел и чадорот што го носел за да се заштити од сонцето.

„Од неговиот часовник и облека е јасно дека тоа е доктор Мосли“, рече портпаролката на полицијата, Константина Димоглу.

Се претпоставува дека Мосли пешачел од плажата Свети Николас до пристаништето Сими Таун каде се наоѓа неговата вила за одмор.

Мосли студирал медицина во Лондон но во последните неколку децении работеше како водител, автор на документарни филмови и новинар. Неговата телевизиска работа му донесе награди, вклучително и Еми за научен документарец на Би-Би-Си, а беше прогласен и за медицински новинар на годината од Британската медицинска асоцијација во 1995 година.