Дописници Промовиран „Зборник на политички затвореници“

Промовиран „Зборник на политички затвореници“

Документи, фотографии и копии од пресуди се дел од содржината на вториот том на „Зборник на политички затвореници“, што денеска во Штип го промовираше здружението на граѓани – политички прогонувани, затворани и осудувани за идеите за самобитноста на македонскиот народ и неговата државност.

Авторот Никола Андонов изјави дека зборникот ги обработува пресудите на лицата, кои од 1945 година наваму важеле за противници на комунистичкиот режим. Книгата е сведошто за тоа што претрпеле граѓаните и нивните семејства, рече Андонов.

– Документираниот материјал е сатисфакција и за потомците кои ќе можат да кажат дека и нивните предци учествувале во создавањето на самостојна Македонија – ијави Андонов.

Здружението на граѓани политички прогонувани, затворани и осудувани за идеите за самобитноста на македонскиот народ и неговата државност бара од државата да донесе законско решение, со кое институциите ќе ги собираат податоците за прогонуваните.

Во Архивот на Република Македонија има 37.000 досиеја на политички прогонувани и затворани лица од времето на СФРЈ.