Македонија Промовиран проектот „Е-пристапно образование во Република Македонија“

Промовиран проектот „Е-пристапно образование во Република Македонија“

На промоцијата на проектот „Е-пристапно образование во Република Македонија“, кој е дел од проектот за пристапно образование на УСАИД и на НВО „Отворете ги прозорците“, присуствуваше и министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми.

– За да се постигнуваат поголеми успеси в училиште, од голема корист е соработката на институциите со невладиниот сектор. Нашите партнери УСАИД и „Отворете ги прозорците“, преку проектот за електронско пристапно образование, направија многу на ова поле. Преку проектот, во изминативе пет години, 31 основно и две средни учичишта се опремени со асистивна технологија, со чија помош учениците со посебни образовни потреби можат полесно да учат и да ја совладуваат наставата – рече Адеми.