Дописници Промоција на туристичката понуда на Охрид

Промоција на туристичката понуда на Охрид

Релевантни европски списанија и магазини, специјализирани за туризам, ги отвораат страниците за македонскиот туристички бисер Охрид. Неговата туристичка понуда, во своите најнови изданија, пред читателската публика, ја прават достапна чешкиот „Травелтрејд газете“ ( Traveltrade Gazette), шведскиот “Лисекилспотен“ (Lysekilsposten) и црногорскиот „Кафе Монтенегро“.

Порталот „Охриод њуз“ ги пренесува репортажите за Охрид, претставен како светска туристичка дестинација.

„Травелтрејд газете“ е списание за туризам во Република Чешка, кое се издава повеке од 50 години, во кое во овој дел од Европа се промовирани светски познати дестинации и соработува со реномирани светски туристички агенции.

Репортажата за Охрид во шведскиот печатен медиум „Лисекилспотен“следува по посетата на репортер од списанието, кој во текот на летото престојуваше во овој град.

На инцијатива на Амбасадата на Република Македонија во Црна Гора, екипа од туристичкиот магазин „Кафе Монтенегро“ летото престојуваше во Охрид, по што објави репортажа за туристичките можности на градот.

Списанието „Кафе Монтенегро“ излегува еднаш месечно, во тираж од 30.000 примероци.