Дописници Промоција на стихозбирки на Мирослав Валек и на Војтех Михалик

Промоција на стихозбирки на Мирослав Валек и на Војтех Михалик

Денеска, со почеток од 13 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, пред македонската публика ќе бидат претставени неодамна објавените стихозбирки на македонски јазик, од двајца великани на словачката книжевност: Мирослав Валек – „Минута пред заспивање“ и Војтех Михалик – „Еротикон“.

Преводот го направи Стојан Лекоски, а препевите се од Матеја Матевски („Минута пред заспивање“ ) и од Тоде Илиевски („Еротикон“).

Тоде Илиевски ќе го даде освртот за авторите и за објавените стихозбирки, а на манифестацијата ќе се обрати и Мартин Безак, амбасадор на Република Словачка во Република Македонија.

Ќе бидат читани песни од двајцата автори.