Култура Промоција на книга и на монодрама на Вевчанскиот карневал 2015

Промоција на книга и на монодрама на Вевчанскиот карневал 2015

Збирка раскази од Косте Шутиноски денеска ќе биде промовирана во Општината Вевчани, во рамки на годинешниот Вевчански карневал.

Во рамките на карневалот, Доне Донев ќе изведе и монодрама.

Централната манифестација на Вевчанскиот карневал, кој се одржува за време на василичарските празнувања, ќе се одржи на 13 јануари, а следниот ден, со обредно палење на маските, завршува манифестацијата.