Дописници Промоција и заштита на природните ресурси на Јабланица

Промоција и заштита на природните ресурси на Јабланица

Македонско еколошко друштво потпиша договори со повеќе добитници на мали грантови за реализација на проекти на планината Јабланица.

Проектите ќе траат до септември годинава, а се поврзани со промоција и со заштита на природните ресурси на Јабланица.

Проектите ќе ги спроведуваат Општина Вевчани, Здружението „Сороптимист“ од Струга, Планинарското друштво „Закамен“ од Струга, „Лекофарм“ од Струга и невладината организација „Енхалон“ од Струга.

Повикот за мали грантови се организираше во рамките на програмата за закрепнување на балканскиот рис, додека финансиските средства се обезбедени преку Фондацијата МАВА од Швајцарија и Фондацијата „Еуронатур“ од Германија.