Економија Прометот во индустријата помал за три проценти во однос на лани

Прометот во индустријата помал за три проценти во однос на лани

Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во април 2015 година, во однос на април 2014 година, бележи опаѓање од 3 проценти, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 6,2 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во април 2015 година,  во однос на април 2014 година, бележи пораст од 12 проценти, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 3,6 процнети.