Економија Прометот во индустријата дома бележи пад, а во странство пораст

Прометот во индустријата дома бележи пад, а во странство пораст

Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, бележи опаѓање од 1 процент, а индексот на прометот остварен на странски пазари, бележи пораст од 9,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, бележи пораст од 13,1 отсто, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 7 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, бележи пораст кај енергија за 309,7 проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 19,7 проценти, капитални производи за 4,4 проценти и трајни производи за широка потрошувачка за 2,1 отсто.

Опаѓање се бележи кај нетрајните производи за широка потрошувачка за 2,9 проценти.