Македонија Променливо облачно време со умерен ветер

Променливо облачно време со умерен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во попладневните часови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во западните и во јужните делови од земјата. Во текот на денот ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 6 Целзиусови степени, а дневната од 11 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината ќе биде променливо облачно, со повремени сончеви периоди и со умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се искачи до 14 Целзиусови степени.