Македонија Променливо облачно време со сончеви периоди

Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер во јужните делови од земјава. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се намали и ќе има сончеви периоди.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 17 Целзиусови степени, а дневната од 23 до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно, со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 30 степени.