Македонија Променливо облачно време, со можности за дожд

Променливо облачно време, со можности за дожд

Во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а на планините локално ќе провејува слаб снег, претежно во северните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура се движеше од -1 до 4 Целзиусови степени, а дневната температура ќе изнесува меѓу 1 и 11 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура достигна до 1 степен, за дневната ќе се искачи до 7 Целзиусови степени.

В четврток и петок ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура, особено в петок кога во поголем дел од земјава максималните вредности ќе достигнат меѓу 15 и 20 Целзиусови степени.

Повторно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд се очекува во сабота.