Македонија Променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и со локални слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од западен и од северозападен правец.

Дневната температура ќе достигне од 8 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината ќе преовладува слично време со утринска температура околу 4 Целзиусови степени и дневна до 12 степени.

В петок ќе биде суво, студено и ветровито, а ветерот ќе биде северозападен и особено изразен долж Повардарието. Температурата значително ќе опадне, при што утринската за време на викендот на повеќе места ќе биде околу или под нулата.