Македонија Променливо облачно со температура до 32 степена

Променливо облачно со температура до 32 степена

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и услови за локални краткотрајни врнежи од дожд и за појава на грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, кој ќе предизвика намалување на температурата на воздухот.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 18 Целзиусови степени, а максималната од 25 до 32 степени.

Во Скопје и во околината ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и за грмежи.

Утринската температура ќе достигне до 16 Целзиусови степени, а дневната температура до 29 степени.

Од утре ќе настапи стабилизација на времето со повторен пораст на дневната температура, која во деновите од викендот ќе се движи од 30 до 39 степени. Под влијание на многу топла воздушна маса, во текот на наредната седмица се очекува стабилно, суво и уште потопло време.