Македонија Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и со услови за повремен слаб дожд, а на планините слаб снег.

Утринската температура се движи од -3 до 2 Целизиусови степени, а дневната ќе биде меѓу 5 и 13 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

И во Скопје се очекува слично време, променливо облачно со сончеви периоди. Температурата во главниот град утрово се спушти на 1 степен, а во тек на денот се очекува таа да достигне до 13 Целзиусови степени.