Македонија Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој повеќе ќе биде изразен во источните делови и долж Повардарието.

Минималната температура ќе се движи од минус 7 до 3 Целзиусови степени, а дневната од 7 до 13 степени.

Во Скопје и во околината нè очекува слично време со температура до 8 Целзиусови степени.

Претежно стабилно време нè очекува и во наредните денови, но наместа ќе има зголемена облачност и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен, повремено и силен северен ветер, особено в среда и в четврток.